Имаме право на глас! – Марија Мишева

Животот е составен од препреки, планини, ридови, но сепак постои и онаа рамнина која поради луѓето, општеството во кое живееме и туѓите предрасуди, многу често повеќето од нас не ја гледаат таа рамнина која секој ја заслужува. Велат дека живееме во демократско општество, но сепак во практика тоа не е така, или пак можеби само јас не ја гледам таа демократија. Токму кога ќе се охрабриш јавно да го споделиш своето мислење, се сретнуваш со безброј критики, навреди и уште што не. И како во вакво опкружување човек да биде отворен и свој?

Доколку направеме една пирамида за нашето општество, лесно можеме да видиме дека на врвот на оваа пирамида се оние кои се “cool”, иако повќето од нив немаат ниту средно образование. А додека тие одлучуваат, на дното на оваа пирамида се оние кои всушност заслужуваат да се на врвот, луѓе со високо образование, млади луѓе кои седат дома без право на глас.
Каде е правдата овде?

– Подоцна се прашувате каде се младите и зошто ја иселуваат својата држава. Ние овде немаме право на глас, бидејќи за нашата иднина одлучуваат други, без да нè прашаат за мислење.

Животот е краток, дури прекраток, и секој од нас заслужува право на глас. Затоа јас ве охрабрувам да го споделете своето мислење, да бидете свои и единствени, немојте да се криете зад тие планини, туку напротив, излезете на светлото и докажете се.
И не заборавајте, ние имаме право на глас!

Марија Мишева

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!