Иста пролет за сите – Јасмина Јошевска

Ете, дојде таква доба, невреме во време, ни за смеа ни за плач, ни за мене ни за тебе. Еманципирани или обични, богати или сиромашни сега веќе е изоставено правилото на материјалните нешта и владее природен а вештачки закон од кој никој не може да изостане. Самотија или не пак те чека секојдневно пред прагот да се вратиш. И да ти каже дека ти до сега ништо не си гледал иако мислиш дека си видел многу.

Очите понекогаш отвори ги, но сепак уживај додека ја впиваш секоја секунда на совршеност постигнувајќи избалансираност на твојот дух и со секојдневието соочи се со себеси како издишана воздишка потешка од планина. Застани понекогаш пред огледало каде ќе разговараш со другото јас кое едвај чека средба со тебе. Не е лесно знам, си се откажал од многу нешта. Но пријди ѝ на мислата што прават оние кои немаат можност да уживаат како ти на патувања или скапи ручеци итн.

Веќе почнуваш да чекориш назад-напред, ги тегнеш речениците и прашањата колку може човечкиот ум да патува далеку а да го почувствува моментот на благодарност за скоро видување на убавата страна од животот која си ја одржуваме жива и сепак очекуваме и друг да го слушне и разбере тоа. Можеш ако сакаш твоето ласкање и глумење харизма-тичен лик да го оттргнеш сега. Зошто не е потребно да се сценираат такви чекори кои никој никако не ги обожава после сè.

Сега кога имаш малку повеќе од минутка можеш да подразмислиш како им било секогаш на другите кои имале тага во срцето а насмевка на лицето заради поинаквата ваша пролет. Сега имаме иста пролет за сите!!! Конечно нешто што е навистина за размислување пред да почнеш да ги корнеш сомнежите од себе. Досадно воопшто не е. Толку е мирно и тивко што си ги слушаш сите звуци за кои си бил глув, полека добиваш стабилност која си ја заоставил.

Очајно некако ја сожалуваш својата суета која е на испит да се осознае а и она што треба секому да му биде свето нешто кое го почитуваш а сакаш со добри вредности кои ги цениш. И едноставно го чувствуваш вкусот на радоста во себе зошто почнуваш да бидеш она што одамна требало да си во нешта кои си ги испуштил. А тие биле најважни.

Оваа можност сепак силно зграпчи ја. Помогни си себе си со импресионирање од изгледот кој не си го доловил навремено. И просто дај си го себе си неверојатното чувство на среќа што прво и основно парите не би го купиле.

Сега сме исти. Сите. И оваа пролет некаа ни биде за пример како можеме да бидеме  подобри. Похумани и никако луѓе кои судат и се мешаат во туѓи животи. Да се освестиме дека успехот доаѓа само со посветеноста во правење добри дела.
На милион начини. САКАЈ…СПОДЕЛИ…БИДИ БЛАГОДАРЕН…ИМАМЕ ИСТА ПРОЛЕТ ЗА СИТЕ!!!

Јасмина Јошевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?