Драга жено запомни,
ти си дојдена на овој свет за да сјаеш,
а не да бидеш сунѓер за перење на нечии корозирани умови!
Премногу ќе се изнамачиш да ја тргнеш рѓата од некои празни тенџериња.
Непотребно ќе се потрошиш, а и можеби никогаш нема да стигнеш до туѓиот блесок.
Можеби животот ќе го потрошиш талкајќи во мракот..
Зошто за нечии очи навикнати на темнина,
ќе бидеш премногу светлина..
За лошите намери – премногу убавина..
Зар ќе се угасиш како згмечена светулка во
летна квечеринка, во клунот на некоја кукавица?
Зар ќе чмаиш као пеплосано огниште, од
ладните порои кои ќе се обидат да ги згаснат исконските огнови?
Жено – Венеро запомни,
Ти си портал на два универзума
Зар ќе дозволиш неколку минливи облаци да фрлат сенка на твоите блесоци?
Твојата природа е вулкан и лава. Распламти го огнот без страв дека некој ќе изгориш.
Во овие времиња – невремиња држи се до твојата природа.
Блескај, Свети и постои!!
Софи Индовино