Јосиф Бродски кој починал на денешен ден во 1996-та година е руски поет, есеист и добитник на Нобеловата награда за книжевност. Важи за еден од најголемите поети од дваесеттиот век, сосема заслужено. Интересна карактеристика на Бродски е тоа што, и покрај големото познавање на англискиот јазик, поезијата ја пишува на руски. Во последните години од неговиот живот, неговото прозно творештво се печати на англиски. Препевите направени од неговите пријатели Бродски сам ги доработува и преработува.
Интервјуто датира од 20-ти октмоври 1988-та година, а го направил Зоран Рајиќ. Направено е во Југословенскиот драмски театар за време на јубилејната манифестација „25-ти октомврски средби“ на писателите во Белград.
Јосиф Бродски на поставените прашања одговарал на англиски јазик. На почеток српскиот наратор ја чита биографијата и творештвото на Бродски. Потоа, го опишува текот на интервјуто. Јосиф Бродски најпрво говорел за тоа зошто Евгениј Рајн поет од Ленинград кој се преселил во Москва го сметал за негов учител. Односно дали е тоа што заедно уште во 1962 година го разработувале она што денес се нарекува “бродска поетика“.
Слушнете го видеото во кое нараторот на српски го преведува и прераскажува интервјуто бидејќи квалитетот на снимката е многу лош. Сосема е оправдано бидејќи аудио-снимката е многу стара.
Прочитајте ја и неговата песна:
Дел од говорот
… и при зборот иднина глувци рој истрчуваат
од рускиот јазик и од вкусното парче
на помнењето загризуваат,
како од издупчено сирење залче.
По сиве овие зими сеедно е што
или кој во аголот стои зад завесите во осој,
и во мозокот не одекнува неземното до,
туку шушкањето нејзино. Животот, кој,
како подарен предмет, не се гледа во штрбел,
при секоја средба устата ја полни со гргот.
Од сиот човек ви останува дел
од говорот. Дел од говорот воопшто. Дел од говорот.
Не дека со умот си летнав, но летово ме замори.
По кошула од комодата посегнувам, и денот си бега.
Камо среќа да е зима и снегот да ги стори
сиве градови и луѓе прекриени, но најпрвин тоа прилега
за зеленилово. Облечен би спиел или читал в немар
туѓа книга, дур остатоков од годинава,
како пес што избегал од слеп господар,
преку асфалтот на одредено место минува.
Слобода е кога го забораваш тирановото презиме и име,
а слинката во устата послатка ти е од алвата од
Шираз,
и иако мозокот ти е свиен како на овенон роговине,
од синото око не капнува ништо низ образ.
Погледнете ја и оваа статија за телевизискиот прилог во кое е пиркажано интервју со Петре М. Андреевски.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.