Пред 400 години лалињата во Холандија биле она што денес е биткоинтот

Брзиот пораст на цените на биткоинот и другите виртуелни валути многумина го споредуваат со Лалеманија, првиот забележан „балон“ на пазарот во историјата. Холанѓаните полуделе по лалињата во првата половина на 17 век, што довело до вртоглав пораст во цените на лутичињата од лале.

Цената на биткоинот вртоглаво расте секојдневно. Многумина влегуваат на овој пазар, а заемите за набавка на виртуелни валути наводно растат. Сето тоа потсетува на лудилото со лалиња во Холандија пред околу 400 години.

Лалињата пристигнале во Холандија на крајот на 16 век од областа на Централна Азија. Многу брзо, поради нивната убавина, се здобиле со голема популарност. И, благодарение на, како што подоцна било откриено, растителна болест, вирус, нивните цветовите добиле различни бои. Ова  ја зголемило нивната привлечност и популарност.

Продавале имоти за да купат лалиња

Одгледувачите започнале да се натпреваруваат кој ќе има поубави лалиња. Така започнува и меѓусебната трговија со лутичиња. Почнале да се отвораат посреднички куќи за трговија со лутичиња од лале и започнала трговијата.

Лутичињата од лалињата не се купувале само за одгледување, туку и за профит. Треба да се напомене дека Холандија била најбогата земја во Европа во 17-ти век, благодарение на меѓународната трговија. Холанѓаните имале „вишок“ пари. Тие исто така имале развиена берза во Амстердам, така што овој вид трговија не им бил туѓ.

Како што повеќе пари влегувале на пазарот на лалиња, така нивната цена растела. На пример, во 1635 година, две години пред да се сруши пазарот, 40 лутичиња лале можеле да се продадат за 100.000 гулдени. Во тоа време, годишната плата на квалификуван работник била 150 до 300 гулдени.

Луѓето започнаале да продаваат куќи, имот, со цел да бидат присутни на пазарот на лалиња, па дури и да ги зголемат посевите со лалиња. Така во 1636 година, 50.000 квадратни метри земја биле заменети за лутиче „Semper Augustus “, најпопуларниот вид лале.

Луѓето купувле лалиња со цел да ги продадат по повисока цена. Но тоа не можело да трае вечно. На почетокот на 1637 година, пазарот пропаднал. Сопствениците на лалињата повеќе не можеле да најдат купувачи. Никој не сакал да плати толку високи цени, а балонот се надувал. За многумина, тоа значело катастрофа. Лалињата кои вредеа вистинско богатство до вчера, ја изгубија својата вредност преку ноќ, а нивните сопственици останале без имот или во уште полошо сценарио – завршиле во долгови.

Биткоинтот и лалињата

Нобеловецот Нуриел Рубини, познат и како Доктор Дум, вели дека биткоинот е најголемиот „балон“ во историјата на човештвото.

Сведоци сме како секојдневно цената на биткоинтот и на другите крипто валути постојано расте. Но има и такви флуктации во движењата кога цената паѓа преку ноќ.

„Не е само биткоин“, додава Рубини. Има повеќе од 1.300 крипто-платформи или монети, вели  тој, и сите се балони пред да пукнат.

Прочитајте и дознајте кои се тајните на вредносниот систем на Apple.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?