Подарив, време на времето
му бев дарил и спокој, нему
да здивне од мене, од се`
Јас, изискателно битие
Битисува хедонистички
Грабајќи го времето в’ секунд
Таков ми е ниетот
таков ми е векот
Таков ми е умот
Подарив и време на вселената
Да здивне од мене
Јас, пак молкнав
затворив очи
починав ум
и само изустив… тишина
Погледнав… темнина
Помислив на ништото
Ништожно да ми било тоа
Додека јас им дарувам, време
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.