Skip to content

Несоница – Октавио Пас

Останувам далечен од соништата.
Челото мое го напушта неговата плима,
напредувам меѓу камењето калцинирано
враќајќи се во собата што ме затвора:
чекаат чевлите, семејните врски,
насмеаните заби
и наметнатата надеж:
утре ќе пеат сирените.

 (А во мојата крв)

пеење друго се крева: му ја кажувам
мојата песна сал на оној што со мене оди…)

Гнасен создател на сеништа
на малечки богови мрачни,
прашина утринска лага.
Ослободен од бесот и радоста,
седнат врз еден стол, на карпа,
спроти слепото бранување: одбивност, ништо.

Сврзан за животот мој
и одврзан од него.