Електра е еден од најпопуларните митолошки ликови во трагедиите. Таа е главниот лик во две грчки трагедии, Електра од Софокле и Електра од Еврипид. Таа е исто така централна фигура во драмите на Есхил, Алфиери, Волтер, Хофманштал и Јуџин О’Нил.
Нејзината карактеристика може да се наведе како одмаздољубива душа во „Носителите на ослободувањето“, втората претстава на трилогијата „Орестија“ на Есхил, затоа што таа планира напад со нејзиниот брат за да ја убие нивната мајка Клитамнестра.
Родители на Електра беа кралот Агамемнон и кралицата Клитамнестра. Нејзини сестри беа Ифигенија и Хризотемија, а брат и беше Орест. Во Илијада, се разбира дека Хомер зборува за Електра кога ја споменува „Лаодика“ како ќерка на Агамемнон.
Убиство на Клитамнестра
Кога нејзиниот татко, кралот Агамемнон (микенски крал) , се вратил од Тројанската војна, Електра не била во Микена, така што Клитамнестра и нејзиниот љубовник Егист го убиле Агамемнон. Истовремено, Егист и Клитамнестра ја убиле и Касандра, тројанската пророчка, која Агамемнон ја довел со себе од Троја како војнички плен.
Осум години подоцна, од Атина, Орест ја донесол Електра во Микена и на татковиот гроб се договориле за освета. Потоа, Орест, со помош на пријателот Пилад, ги убил Клитемнестра и Егист. Орест по некое време го изгубил разумот, бидејќи почнале да го прогонуваат Фуриите кои биле задолжени за крвната освета. Тој бил проколнат од Клименестра, која го проколнала пред нејзината смрт.
Орест заминал во храмот во Делфи, и иако Аполон му наредил да се освети за татка си, богот бил беспомошен да ги спречи последиците од целата случка. Поради тоа се одржало судење на боговите кое се одржало на Акропол. Притоа, одлучувачки бил гласот на божицата Атина и така стивнал бесот на боговите. Фуриите никогаш не ја прогонувале Електра.
Еврипид во своето дело „Ифигенија на Таврида“ раскажува сосема поинаква приказна: Фуриите го одонесле Орест во Таврида на Црно Море, каде била затворена негова сестра Ифигенија, која подготвувала жртви за Артемида. Кога фуриите ги донеле Орест и Пилад да бидат жртвувани, Ифигенија и Орест се препознале, па заедно избегале. Пилад им помогнал на Орест и Електра да ја убијат својата мајка и неговиот љубовник, а потоа тој се заљубил во Електра и се оженил со неа. Фуриите, смирени од обединувањето на семејството, го смалиле нивниот прогон.
Денес, комплексот Електра кај девојчињата е на некој начин пандан на Едиповиот комплекс кај момчињата.
Карл Јунг, во своето дело од 1913 година „ Теорија на психоанализата “ го предложил комплексот „Електра“ и го опишува ќерка-мајка двобој за психосексуално поседување на таткото.
Прочитајте го и митот за нејзината сестра Ифигенија Митот за Ифигенија, грчка принцеза која станала свештеничка на Артемида.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.