Грчка митологија Литература Митови и легенди

Митот за Ифигенија, грчка принцеза која станала свештеничка на Артемида

Ифигенија е ќерка на Агамемнон и Клитамнестра, сестра на Орест, Електра и на Хризотемија.

Ифигенија во Тројанската војна

Судбината на Ифигенија е врзана за настаните од Тројанската војна. Кога грчката флота се собрала во Аулида по втор пат, силниот северен ветер (или мирен на море) ги спречил бродовите да запловат кон Троја. Пророкот Калхант објавил дека на божицата Артемида треба да и се жртвува ќерката на Агамемнон, Ифигенија. Под притисок на Менелај и Одисеј, Агамемнон испратил гласник на неговата сопруга во Аргос со порака да ја испрати Ифигенија веднаш во Аулида, каде се очекува да се омажи за Ахил.

За да ја спаси својата ќерка, истиот ден тајно испратил друг гласник до Клитемнестра и ѝ наредил да не ја испраќа ќерка му. Менелај го фатил тој гласник и кога ја прочитал пораката на Агамемнон, жестоко се судрил со неговиот брат. Во меѓувреме, Клименестра побрзала да оди со Ифигенија во Аулида, убедена дека ја води својата ќерка да ја сретне брачната среќа. По пристигнувањето, нивната радост била заменета со најголема тага.

Артемида ја спасила од жртва

Кога се открила вистината, мајката и ќерката го молеле Агамемнон да се откаже од суровата одлука, а Ахил се заколнал дека ќе даде сè од себе за да ја заштити невината девојка. Ифигенија ја сфатила неизбежноста на жртвата и решила да умре за доброто на својата татковина. Додека грчките херои со наведнати глави стоеле околу олтарот таа храбро го изложи вратот пред каменот на Калхант. Кога се слушнал удар, Калхант објавил дека Артемида ја направил Ифигенија бесмртна и дека неговата кама убила срна, која божицата ја поставила на олтарот наместо ќерката на Агамемнон.

Некои велат дека Ифигенија се преобразила на олтарот во јуница, мечка или старица и таа исчезнала во таа форма или Ахил ја тргнал од олтарот и ја однел кај скитскиот крал.

Станала свештеничка во Таурида (Крим)

Најпознатата легенда е дека Артемида ја однела Ифигенија во Таурида (денешен Крим) и ја поставил таму за свештеничка на нејзиниот храм. Во тоа време со Таурида раководел кралот Тоант, а должност на Ифигенија, според старите обичаи на земјата била да ги жртвува сите странци.

Еден ден биле фатени двајца дојденци; тоа биле братот на Ифигенија, Орест и неговиот пријател Пилат кои по наредба на делфиското пророштво дошле во Таурида да ја украдат чудесната статуа на Артемида. Во разговор пред олтарот Ифигенија го препознала својот брат, а потоа заедно со него и Пилат се подготвиле да избегаат.

Избегала со Орест и Пилат во Грција

За да гo измами Тоант, Ифигенија, го излажала дека пред да се направи жртва е потребно да се исчистат жртвите и статуата на божицата. Потоа се спуштила кон морето со Орест и Пилат и набрзина избегале со бродот. Слугите од храмот го известиле Тоант за бегството на Ифигенија и на странците. За несреќата да биде уште поголема, ненадејната бура започнала да го враќа бродот на бреговите на Таурида. Тогаш Посејдон на барање на Атина го смирил морето, а Тоант се откажал од прогонството кога Атина му објаснила дека Ифигенија во иднина ќе биде свештеничка на Артемида во Браурон, град на источниот брег на Атика.

Еврипид ја зема оваа тематика во две негови трагедии

Еврипид го зел митот за Ифигенија како тема во трагедиите на Ифигенија на Таурида (околу 413 г. н.е.) и Ифигенија во Аулида (околу 406 г. н.е.).

Прочитајте го и митот за пророчицата Касандра на која никој не ѝ верувал.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје