Еднаш, група мажи разговарале на тема како изгледа најубавата жена на светот. На едниот му се допаѓале црни очи како јаглен, со огнен поглед.
На другиот му се допаѓале сиво-сините очи, бесконечно длабоки, како небото. Некој друг, пак, ги сакал оние со кафени очи, топли и насмеани.
А за косата, едниот рекол дека поубави се жените со пократка коса. Другиот тврдел со подолга. Некои се восхитувале на оние со висок и величествен став. А други претпочитале помали, понежни и поелегантни фигури. И секој од нив сметал дека неговото мислење и опис се најточни и не престанувал да ги убедува другите за исправноста на неговата проценка.
Гледајќи дека тоа никогаш нема да заврши, тие конечно решиле да отидат кај еден мудар човек и да го слушнат неговото мислење:
– Почнавме да се расправаме, – му рекле, – и не можевме да се разбереме. Кажи ни, мудар човек, која жена е најубавата жена на светот?
Долго време старецот зјапал во белите врвови на далечните планини, повремено незабележливо се смешкал. На крај одговорил со овие зборови:
– Онаа што ја сакаш!
Прочитајте ја поучната приказна за една мудра баба и нејзните внучиња.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.