Ако мислиш дека животот ти е лош, тогаш најверојатно си во право. Ако мислиш дека сите се свртиле против тебе, тогаш пак најверојатно е така. Ако мислиш дека заслужуваш повеќе, тогаш исто така си во право.
Единствено нешто на светот што те спречува да го постигнеш она што го сакаш, си самиот ти!
Негативен став
Ако мислиш дека светот се свртел против тебе, тоа е затоа што имаш лош став кон животот. На сè гледаш на погрешен начин. Наместо да го користиш позитивното за да те придвижи, ти го избираш негативното. Дозволуваш негативноста да ги контролира твоите мисли. А со тоа ѝ дозволуваш на негативноста да ја преземе контролата врз твојот живот. Дозволуваш лошите работи да бидат победници.
Никогаш нема да го постигнеш она што го сакаш или да го живееш посакуваниот живот ако работиш здодевна работа што ти ја троши енергијата. Само затоа што си премногу мрзлив да станеш и да започнеш да бараш нешто што те исполнува повеќе. Не е никој виновен, туку ти!
Изговорот „Не можам“
Никогаш нема да патуваш низ светот или да го видиш Париз ако продолжиш да изговараш дека не можеш да одиш. Купи билет, спакувај го куферот и оди. Нека светот те обликува и отвори ги очите! Дозволи му да те предизвика и да те фрустрира како ништо друго во животот. Бори се со јазичните бариери и прифати дека губиш. Откажи се од контролата што ја имаш во секојдневниот живот и предај се.
Никогаш нема да изгубиш тежина ако не ги промениш навиките во исхраната. Никогаш нема да го подобриш здравјето ако не јадеш повеќе свежо овошје и зеленчук и ако не вежбаш. Никогаш нема да станеш поинтелигентен и нема да ги прошириш хоризонтите ако не си подготвен да читаш и да учиш од другите.
Ти си причината и за твојата среќа и за твојата несреќа
Никогаш нема да бидеѓ среќен ако секогаш гледаш само на негативните работи. Никогаш нема да имаш среќа во животот ако си опкружени со луѓе и работи што цицаат енергија од тебе како вампири.
Ти си причината зошто си незадоволен. Ти си причината што си заробен во рутина и што имаш лоша врска, како и фактот дека постојано критикуваш сè околу тебе и бараш „нешто повеќе“. Да, сè е твоја вина. Ти си твојот најголем непријател. Ти си единствената личност што стои на патот кон твојата цели и постигнувањето успех.
Животот не ти должи ниту тебе, ни на некој друг ништо, затоа не очекувај. Не очекувај да паднат милион долари од небото. Не очекувај да се разбудиш со тело „змија“. Не очекувај да ја добиеш работата од соништата. Не очекувајте ништо ако не си се обидел да направиш тоа да се случи.
Работи напорно
Ако сакаш нешто, мора да работиш напорно на тоа. И не станува збор за мал обид, па малку одмор и потоа… НЕ! Треба да работиш напорно. Мора да се жртвуваш и да туркаш напред дури и кога работите ќе тргнат наопаку и ќе станат комплицирани. Треба да продолжиш да работиш дури и кога сè во тебе ти кажува да се откажеш. Бидејќи само така ќе постигнеш нешто спектакуларно.
Не застанувај на патот на твојот сопствен живот. Не се откажувај кога станува тешко. Бидејќи откажувањето нема да те одведе никаде. Наместо тоа, биди вреден и паметен. Верувај во себе кога никој друг не верува. Не за да можеш еден ден да се свртиш и да им кажеш: „Ти реков!“. Туку за да бидеш силен, самоуверен и супериорен.
Треба да ги сакаш твоите соништа. И да заборавиш на изреката: „Уморен сум“. Ти МОРА да ги сакаш твоите соништа. Другите можеби ти посакуваат среќа, но знај дека само ти можеш да ги оствариш твоите соништа. Само ти и никој друг.
Престани да правиш работи што не те исполнуваат. Престани да ги обвинуваш другите за твоите проблеми. Престани да мислиш дека животот ти должи нешто, бидејќи не е така. Ако сакаш твојот живот да биде подобар, тогаш започни да го живееш на тој начин. Започни да правиш нешто позитивно во вистинската насока и не застанувај додека не стигнеш до целта. Потоа само продолжи.
Прочитајте од кои негативни мисли треба веднаш да се ослободите.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.