Занимливости и информации Конкурси

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје со јавен повик за финансирање проекти од повеќе области

Јавен повик за финансирање проекти од областа на визуелните уметности, дизајнот и архитектурата објавен од ЈУ.Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје. Повикот се однесува на проекти за оваа година, а краен рок за аплицирање е 20. 2. 2021 г.

Какви активности ќе се реализираат?

Активностите од областа на научно-истражувачката дејност во 2021 г. ќе се реализираат во согласност со птребите и определбите на граѓаните во рамките на научно-образовната програма во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје. Ќе се организираат информативни, образовни, едукативно-интерактивни работилници за деца и млади од областа на псиологијата, медицината, екологијата, културните, историските и научно-истражувачките содтжини. Исто така вниманието ќе биде насочено на значајни појави, настани и личности кои ја сочинуваат политичката, историската и културната атмосфера во градот Скопје, Републиката и пошироко.

Со цел за квалитетен избор на литературните, ликовни дела, афирмирање на материјалното, духовното, културно и историско наследство на Р.С. Македонија и град Скопје чиишто промоции, изложби, дебати, предавања,ќе ги организира Установата (во просторот во Домот на градежниците) со средствата доделени од град Скопје. Ве повикуваме најдоцна до 20.2.2021г. да ги доставите вашите предлози за промоции, едукативно-интеарктивни работилници за млади на долунаведената адреса. Во прилог на вашите предлози Ве известуваме дека е потребно да доставите проекти за реализација на предметната активност.

Право на учество имаат уметници, Здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Изборот на делата односно на активностите кои сакате да ги реализирате, ќе го изврши Комисија составена од стручни и компетентни лица од областа на литературата, ликовната и научно-истражувачката дејност и Град Скопје.

За конкурирање во било)  која од овие три области (литературна, визуелна или истражувачка дејност) потребно е на меил [email protected] или директно во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) Скопје, ул.: “Димитрие Чуповски“ – 20а да доставите:

– Кратка биографија

– Краток опис на проектот

– Финансиска конструкција

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје