Си била една жена која едно утро кога се разбудила и се погледнала во огледало забележала дека на главата ѝ останале само три влакна.
– Добро, си рекла сама на себе. Мислам дека денеска ќе ја исчешлам косата.
Така и направила и денот ѝ бил убав. Следното утро се разбудила само со две влакна на главата.
– Хм, рекла во себе, мислам дека денеска ќе направам патец на средина. Така и направила и повторно денот ѝ поминал убаво.
Следното утро се разбудила со едно влакно на главата.
– Добро, денеска ќе ја соберам косата во коњско опавче.
Така и било, па таа повторно преубаво си поминала и тој ден.
Четвртото утро на главта немала ниедно влакно.
– Јупи!, викнала жената, денеска не мора да ја местам фризурата.
Поука: Не е важно она што ни се случува колку што е важна нашата реакација на истото.
Прочитајте ја и приказната за волшебното цвеќе.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.