Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Поведи ме – Викторија Јовановска

Поведи ме,

Ајде,

Ти подавам рака,

Низ балетот-Лебедово

езеро.

Поведи ме,

Низ ритамот,

Низ движењата..

поведи ме низ песната

Марија од  Дивље Јагоде.

Поведи ме,

по сводот на лудилото,

по сводот на сивилото,

поведи ме ти,

сега низ еден танцувачки

бран,

Да заслепе и Бајрон и Иго

и Сергеевич Пушкин и Данте,

Кога низ чистилиште ќе ме

поведеш мене ти.

Поведи ме низ музичката

нота,

Од музата што тебе те

посетила,

Поведи ме,

Да заслепат,

Предводниците на

романтизмот,

-романсиери вечни.

Опејана Татјана

Во Сергеевичиот роман,

Стих по стих,

Љубов болна,

Нанижена.

Таму каде што деновите се

облачни

и кратки

ќе се роди племе

на кое нема да му биде

мачно

да умира,

Рекол славниот Петрарка.

Поведи ме низ хоризонтот,

поведи ме низ небото,

да ги видиме ѕвездите

поблиску,

Поведи ме низ линија на

душата твоја,

поведи ме низ балетот

-Лебедово езеро,

во чекори на балерина,

Поведи ме ти,

градина полна

цела розна,

ред-два бели

и убави црвени рози,

со роса-мед

што на пчелите им

гаси горка жед.

Викторија Јовановска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје