Во кафезот имаше питома птица – Рабиндранат Тагоре

Во кафезот имаше питома птица, слободната беше во гората.
Кога дојде време, се сретнаа; така сакаше судбината.
Слободната птица пее: „О мила, да се вивнеме во гората“.
Птицата во кафезот црцори: „Ајде да живееме заедно во кафезот!“.
Слободната птица рече: „Има ли простор зад решетката за крилјата да се рашират?“
„Уви“, лелека птицата во кафезот, „каде ќе се одморам во облаците без шипка?“

Слободната птица воскликнува: „Мила моја, отпеј ми ја песната на честарот“.
Птицата во кафезот вели: „Седни до мене да те научам на говорот на мудреците“.
Шумската птица воскликнува: „Ах, не, не! Песните не можат никогаш да се научат“.
Птицата во кафезот вели: „Тешко мене, ја заборавив песната на честарот“.
Љубовта нивна е пламена, полна со копнеж; но тие никогаш не можат
да летаат крило до крило.
Низ репетката на кафезот се гледаат и залудно се трудат да се запознаат.
Павтаат копнежливо со крилјата свои и пеат: „Дојди поблиску,
мило мое!“
Слободната птица воскликнува: „Не можам, страв ми е од затворената
врата на кафезот“.
Птицата во кафезот црцори: „Уви, крилјата ми се папсани и мртви“.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?