Skip to content

Поетска манифестација – 7. „Поетски поздрав на Четрсе“ – Штип

Здружението на граѓани Литературен клуб Искра – Штип ја организира традиционалната поетска манифестација 7.„Поетски поздрав на Четрсе“ – Штип-2021. Истата се одржува во рамките на одбележувањето на верскиот празник „Св. 40 Севастиски маченици“ – Младенци (22 март), кај народот познат како Четрсе.

Самиот народен празник од пред 8 години е влезен во светската Листа на нематеријалното културно богатство на организацијата UNESCO (УНЕСКО) и со чинот на неговото признавање, побудува уште поголем интерес кај вистинските вљубеници на народната традиција и обичаи.

По тој повод, ЗГ Литературен клуб Искра од Штип ќе го издаде и промовира Зборникот со песни од учесниците на манифестацијата и за таа цел, а со задача за што посупешна подготовка и организација на истата, потребно е благовремено да бидат доставени поетски творби (песни) на слободна тема, на следната е-маил адрфеса: [email protected], најдоцна до 8 март 2021 г.

Право на учество на Четрсе – 2021 имаат сите членови од литературните клубови т.е. здруженија на писатели од Македонија и слободни литерати, кои творат на македонски јазик. Секој учесник во Зборникот ќе биде застапен со една песна на една страница. Песните да се испраќаат исклучиво на е-маил адресата во фонт: Times New Roman – 12 (македонска поддршка).

„Се гледаме на 7 „Поетски поздрав на Четрсе“ – Штип 2021!“, стои во соопштението на официјалната покана од организаторите

Програмата погледнете ја на приложената фотографија.

Напишете коментар