Skip to content

Историјата на Евровизија, кои се нејзините почетоци и кога ќе се одржи оваа година?

Натпреварот за песна на Евровизија 2021 година ќе биде одржан во ограничен облик во мај, во холандскиот град Ротердам поради ограничувањата кои потекнуваат од пандемијата со Ковид-19, соопштија организаторите. Поединечните настапи ќе бидат одржани во Ротердам на 18, 20 и 22 мај во арената „Ахој“ со одржување физчка дистанца, наведуваат организаторите, непрецизирајќи дали ќе биде дозволено присуство на публика.

Наш претставник на овој престижен музички натпревар и годинава ќе биде Васил Гарванлиев. Македонската Радио-Телевизија, како носител на лиценцата за учество на „Евровизија“ ја донесе оваа конечна одлука во јануари годинава. На фестивалот ќе учествуваат 41 земја.

Најраните почетоци

Во 50-тите години, откако започнала да се обновува воено-разурнатата Европа, Европската радиодифузна унија со седиште во Швајцарија формирала ад-хок комисија за да пронајде начини да ги обедини земјите од Европска радиодифузна преку „забавна програма“. На состанокот на комисијата одржан во јануари 1955 година во Монако, генералниот директор на швајцарската телевизија и претседателот на комисијата Марсел Бесон дошол до идеја за интернационален избор на песна, каде земјите ќе учествуваат во една телевизиска програма.  А истата ќе биде пренесувана истовремено во сите земји на унијата.

Изборот се базирал на веќе постоечкиот фестивал Санремо што се одржува во Италија, а се сметал за амбициозен проект, технолошки експеримент во живо на телевизија, кој би обединил многу земји заедно во широката меѓународна мрежа. Во тоа време не постоела сателитска телевизија, а таканаречената Евровизиска мрежа вклучувала копнена микробранова мрежа.

Создавање на конечното име по кое денеска се препознава овој музички натпревар

Концептот, тогаш познат како “Евровизија Гран При” бил одобрен од Генералното собрание на Европската радиодифузна унија на состанокот одржан на 19 октомври 1955 година во Рим. Било одлучено првиот избор да се одржи пролетта 1956 година во Лугано, Швајцарија. Името „Евровизија“ во врска со мрежата на Европската радиодифузна унија бил за првпат употребен од страна на британскиот новинар Џорџ Кампеј во London Evening Standard во 1951 година.

Првото издание се одржало во градот Лугано, Швајцарија на 24 мај 1956 година. Тогаш учество зеле седум земји – секој изведувајќи по две песни, за да има вкупно 14. Ова бил единствениот избор кога се изведувале повеќе од една песна од страна на една држава. Од 1957 година било дозволено да се изведува една песна од страна на една држава. На изборот во 1956 година победил земјата домаќин, Швајцарија.

Програма и формат

Програмата најпрво била позната како „Евровизија Гран При“ кое било усвоено од страна на Данска, Норвешка и франкофонските земји, со француската ознака “Le Grand-prix Eurovision de la Chanson Européenne“. Но потоа Гран при било сменето и заменето со „Concours“ (натпревар на француски), но не и на дански и норвешки.

Евровизиската мрежа се користи и за пренесување вести и спортски програми на меѓународно ниво. Како и други специјализирани настани организирани од страна на Европската радиодифузна унија. Според мислењето на јавноста, името “Евровизија” е поблиску поврзан со изборот на песна

Форматот на овој избор се менувал со годините. Иако основните принципи отсекогаш биле на овој начин: земјите учеснички поднесуваат песни кои се изведуваат во живо на телевизиска програма која се пренесува истовремено во сите земји, преку евровизиската мрежа од страна на Европската радиодифузна унија. Земјата како учесник е претставувана од еден од телевизиските радиодифузери од таа земја: вообичаено, но не секогаш, тоа е националната телевизиска радиодифузна организација на земјата.

Домаќин на програмата и прогласување на победник

Домаќин на програмата е една од земјите учеснички и се пренесува директно од аудиториумот во градот домаќин. За време на програмата, откако ќе бидат изведени сите песни, земјите започнуваат да гласаат за песните на другите држави. На земјите не им е дозволено да гласаат за сопствената песна. На крајот на програмата за победник се прогласува песната со најмногу освоени поени.

Победникот, единствено го добива статусот на победникот. Иако е вообичаено да му биде доделен трофеј на композиторот на песната, а земјата е поканета да биде домаќин на настанот наредната година

Програмата е секогаш отворена од еден или повеќе презентери, поздравувајќи ги гледачите на шоуто. Многу од земјите одлучуваат да заработат на можноста која им е дадена како домаќини на една програма со широка меѓународна публика. Затоа е вообичаено е да се даваат презентации од видео снимки со сцени од земјата домаќин. Тоа е замислено како реклама за туризам. Помеѓу песните и започнувањето на гласањето за време на паузата се случува интервален чин, која може да биде било каква форма на забава.

Вообичаено време на одржување на финалето

Како што националните радиодифузери се приклучуваат и го напуштаат изворот на Европската радиодифузна унија, логото на Евровизија се прикажува. Придружната тема на музиката (се користи на други евровизиски емитувања) е увертира на Марк Антоан Шарпантие – ,,Те Deum”.

Финалето на Изборот на песна за Евровизија традиционално се одржува на пролет во сабота навечер. Обично се одбира сабота во месец мај. Но се има одржано и во четврток (во 1956). Најрано се има одржано во март.

Квалификувани учесници се активните членови (за разлика од асоцијативните членови) на Европската радиодифузна унија. Активни членови се оние кои се наоѓаат во државите кои се во рамките на Европската радиодифузна област, или се земји членки на Советот на Европа.

Прочитајте и од каде е идејата за следење на модата и од каде потекнува.

Напишете коментар