Во светот на книгите Занимливости и информации Литература Факти

Факти за книгата „Приказни за добра ноќ“

„Приказни за добра ноќ“ е збирка со прозни дела од авторката Наталија Наумовска. Истата е второ печатено дело кое се вбројува во издадени дела на Наумовска. Првата збирка раскази „Љубовни звуци и поетски шепотења“ излезе од печат 2014 година. Покрај овие две збирки, авторката има напишано уште 3 е-книги кои можат бесплатно да се прочитаат онлајн на makedonika.mk.

Прочитајте ги во продоложение фактите за книгата „Приказни за добра ноќ“ кои ни ги соопшти авторката.

Првото издание на „Приказни за добра ноќ“

Тоа издание е во вид на е-книга во кое се сместени 32 прозни дела. Со истото авторката зеде учество на конкурсот во 2016-та година организиран од Фондација Македоника преку проектот за млади автори поддржан од УНЕСКО и освои награда. Делото влезе во топ 10 наградени дела од млади македонски автори на истоимениот конкурс истата година.

Исто така, на првото издание корицата за книгата е дизајнирана од самата авторка која е различна од онаа на печатеното.

Второто (печаетено) издание на книгата излезе во 2020-та година

Второто печатено издание излезе некаде на средината на минатата година. Испратено беше на конкурс организиран од издавачот Дата Песнопој и освои втора награда и беше овозможено неговото печатење. Спаѓа во групата на Современа македонска книжевност и е дел од едицијата Книжевни Меридијани.

Корицата на печатеното издание

Создавањето на корицата им било препуштено на самите издавачи, а потоа на авторката ѝ испратиле две конечни верзии, а таа ја избрала оваа којашто ја краси моментално најпрвата страница на книгата.

Недоразбирање околу насловот, книгата не е наменета за деца

Иако насловот звучи како книгата да е наменета за деца односно за најмладите читатели сепак таа е наменета за повозрасната група читатели. Всушност авторката вели дека читатели може да се средношколците и сите возрасни групи над таа возраст.

Вкупен број на кратки прозни дела

Во првиот дел има 32, а вториот дел има 26 прозни дела односно вкупно 58 кратки прозни дела кои го задржуваат вниманието на читателот до самиот крај. Тие не се поврзани меѓусебно, секое од нив си е приказна сама по себе. Оттаму всушност и потекнува самиот наслов.

Насловот на книгата

Како што споменавме и погоре, покрај главната причина за тој наслов, авторката вели дека го избрала него баш поради тоа што замислила дека прозните дела најубаво е да се читаат пред спиење. Но читателите потврдија дека книгата е погодна за читање баш во секое време, односно тогаш кога на самиот читател му одговара.

Периодот кога е пишувана

Прозните дела не се пишувани со намера да бидат претворени во книга, меѓутоа кога Наталија одлучила да ги спои во збирка настанала и самата е-книга првично во 2016-та, а подоцна и во 2020-та година со проширеното издание. Творбите се настанати во подолг временски период. Најпрвите се напишани некаде од средината на 2013-та година, останатите се пишувани низ годините сè до 2019-та.

Содржината

Со некои од расказите авторката има земено учество на конкурси за најдобар расказ, а две од нив се застапени во едно македонско литаратурно списание. Речиси сите можат да се најдат онлајн на самиот блог меѓутоа овде се сите собрани на едно место (иако не хронолошки редоследно). Така ова претставува збирка која за авторката има големо значење. На некој начин е претставено созревањето на нејзиното пишување низ годините.

Можат да се најдат и пократки дела, како и подолги. Дури и во вид на кратки драмски текстови. Распространета на вкупно 150 страни со се кориците ова дело заслужува читателско внимание. Наталија изјави дека за книгата напишале и кратки рецензии задоволните читателки, од кои едната може да се прочита овде, а другата овде.

Каква е рекацијата на читателите?

Засега реакцијата била позитивна. Сите оние што ја прочитале и споделиле импресии со Наталија имаат позитивни впечатоци. Единствена забелешка на читателите досега била дека посакале некои од текстовите да бидат подолги. Дел од нив кои исконтактирале со Наталија сакаат да прочитаат нешто ново од нејзе, а авторката ветува дека тоа ќе биде наскоро. Не прецизираше точно кога, но искрено се надева дека до крајот на оваа година и таа информација ќе ја сподели со нејзините читатели, следачи и поддржувачи на нејзиното пишано дело.

Како до книгата?

„За сите што се заинтересирани да ја купат книгата доколку сакаат да поддржат македонски автор и да ја имаат во домашната библиотека, можат да ни се обратат преку порака на официјалната фејсбук страна. Засега може да се порача само онлајн директно од самата авторка. Или пак истото можат да го направат директно преку месинџер преку нашиот блог кој е поврзан со фејсбук. За повеќе детали, слободно пишете ни, ве очекуваме!“, велат од редакцијата.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје