Рене Декарт кој починал на денешен ден на човештвото во наследство му остави големи нешта. Ретко кој денеска нема чуено за него, тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во филозофијата и во математиката. Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката, а во математиката темел на аналитичката геометрија.
Добро познат по неговата изрека „Мислам значи постојам“. Прочитајте ги во продолжение останатите негови најпознати цитати.
1. „Немаме моќ над ништо друго освен над нашите мисли.“
2. „Ако сакате да барате вистина, потребно е барем еднаш во животот во нешто да се сомневате, по можност во сè.“
3. „Читањето добри книги е како да водите разговор со генијалните мислители од минатите векови.“
4. „Грешиме само кога судиме за нештата кои слабо ги познаваме.“
5. „Навистина сум воодушевен кога гледам колку е слаб мојот ум и колку е склон кон грешки.“
6. „Радоста во илузија често вреди повеќе од вистинската тага.“
7. „Јас сум оној кој мисли. То ест, оној кој се сомнева, потврдува, негира, разбира неколку нешта, не знае многу нешта, кој сака, не сака, кој исто така и фантазиира.“
8. „Бидејќи разумот…тој е единствено нешто кое нè прави луѓе и нè разликува од ѕверовите. Би сакал да верувам дека постои, во сите луѓе…“.
9. „Кога некој ќе ме навреди се обидувам да ја подигнам својата душа толку високо за навредата да не може да ја достигне.“
10. „Кога не можеме да утврдиме што е вистинито го следиме она што е најверојатно.“
11. „Кој ќе успее да ме прелаже, сепак никогаш нема да ме убеди дека сум никој, сè додека јас мислам дека сум некој.“
12. „Кој добро се сокрил, тој добро живеел.“
13. „Кој трпи зло, тој и го прави.“
14. „Најголемите умови се способни за најголеми пороци, како и за најголеми доблести.“
15. „Не е доволно само да се има здрав разум: треба да се знае и да се примени.“
16. „Ништо на светот не е толоку добро распределено како здравиот разум бидејќи секој мисли дека го има доволно. Дури и оние кои е најтешко да се задоволат во другите нешта обично не бараат повеќе здрав разум во однос на тоа колку го поседуваат.“
17. „Само вистината е убава.“
18. „Сомнежот е извор на мудрост.“
19. „Секој проблем кој сум го решил станал темел кој служеше за решавање други проблеми.“
20. „Верноста се докажува со дела, а не со зборови.“
21. „Сакам да живеам во мир и да го продолжам животот како што го почнав со мотото – за да живеете добро, мора да живеете тивко.“
22. „Само продолжи понатаму. Само продолжи понатаму. Ја направив секоја грешка која би можела да се направи, но јас само продолжив да одам понатаму.“
23. „Оптимистот понекогаш гледа светло таму каде што го нема, но зошто баш секогаш песимистот мора да тргне да го изгасне?“
24. „Навикнав да се сонувам и во своите сонови ги замислувам истите оние работи кои лудаците ги гледаат додека се будни.“
25. „Чувствата понекогаш можат да нè излажат, а паметно е никогаш повеќе во целост да не се послуша она што еднаш нè излажало.“
Прочитајте ги и следниве мисли од Шарл Бодлер – највлијателниот француски поет од 19 век.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.