Лутина – Анастасија Лефкоска

Лутина,
црвена прекривка што ми ја покрива душава.
лутина како црвена роза што ѝ пркоси на сушата.

Лутина,
на себе,
на тебе,
на сите околу мене.

Лутина,
безобразна,
неразбрана
беспотребна
неискажана

Лутина,
црвена прекривка плишана,
што ме топли на зима,
што ја менува љубовта,
што ја храни лудоста,
што ја поттикнува суровоста.

Лутина, моја и ничија,
лутина, на секого а не сечија.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?