Занимливости и информации Историски забавник

Се одбележува светскиот ден на радиото и стогодишнина од неговото постоење

Денеска по десетти пат се одбележува Светскиот ден на радиото под мотото „Нов свет, ново радио“. По повод 1 век постоење, а под покровителство на УНЕСКО.

На годинешното одбележување фокусот е ставен на клучните карактеристики на радиото, неговата еволуција, како и поврзаноста и иновативноста, изјавуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Се посочува дека во изминатиот еден век, радиото успеа да се адаптира на сите општествени и технолошки трансформации и на потребите на слушателите.

Како што велат од АВМУ, поради ваквите негови особини да се развива, да поврзува за време на природни катастрофи, социо-економски кризи, пандемии и слично, како и да биде насекаде достапно, радиото се уште е еден од најкористените медиуми ширум светот.

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радио станици во земјава им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да се приклучат кон прославата на соодветен начин, преку дебати и дискусии“, се вели во соопштението од АВМУ.

Светски ден на радиото

Во 2013 година, Генералното собрание на Обединетите Нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде 13 февруари. На овој ден се слави радиото како медиум кој едуцира, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото. Да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.

Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.

Потекло на зборот

Оригинално, радио или радиотелеграфијата била наречена „безжична телефрафија“, која подоцна била скратена само во безжична. Претставката радио- во светот на безжичниот пренос за првпат бил забележан во зборот радиопроводник кој го искажал францускиот физичар Едвард Бранли во 1987. Радио како именка е искажана од експертот по маркетинг, Валдо Варен во 1944.

Тој термин се појавува во еден текст на Ли Де Форест, кој подоцна бил прифатен од страна на американската морнарица во 1912 и станал вообичаен термин по време за првото комерциjално пренесување на сигнали во 1920. Терминот подоцна бил прифатен и другите јазици во Европа и Азија, иако Велика Британија терминот безжичен го прифатила дури во XX век. Во Јапонија терминот „безжичен“ е основа за терминот „радио бран“, иако терминот на уредот за слушање на радио брановите е литературно „уред за прием на звуци“.

Кој го измислил радиото?

Теслиниот изум на радиото била тема за која доста долго се расправало на почетокот на 20 век. Италијанецот Маркони тврдел дека тој го измислил радиото, но всушност тој користел технологија која Тесла ја патентирал за да Италијанецот во 1901 година го изврши првото радио емитување. Врховниот суд во САД сепак заклучил дека во 1943 година Тесла првиот го измислил радиото.

Прочитајте ја и статијата за историјата на Евровизија.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје