Ти – Милица Пауновска

Би сакала да можев…

да се пренесам.

И таму кај тебе да се донесам.

Никој да не ме види,

Никој да не дознае.

 

Би сакала да можев…

да се пренесам.

И таму кај тебе да се донесам.

Никој да не ме види,

Никој да не ме познае.

 

На тој тржествен ден,

кога никој не очекува.

Да знаеш само ти и небото,

а да ме снема, дур да трепне окото.

 

Би сакала да можев

да долетам

и до тебе да застанам.

Да те гледам како се смееш

и во ритамот на музиката се движиш.

Да побарам ѕвезда да ми дариш

и за последиците да не мариш.

Но ми остануваат само солзи и тага

и покрај напорите кои ги правам.

 

Кога ќе помислам дека си од оние

кои газат и се чуваат само себе,

благодарна сум што сум овде

иако во моите мисли си ти.

Милица Пауновска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?