Излези вистино,
скриена во тоа вино црвено,
во таа чаша кристална лек за срцево скршено.
Излезете зборови совршени,
од усните со вино црвено натопени,
излезете зборови милион пати проголтани.
Излезете реченици во флашата со вино црвено сокриени,
појавете се мои лузни на сонце што цел живот сте покриени,
растреперете се очи полузаспани,
со мислите застанете,
со вино црвено поетски наздравете.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.