Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Еј Македонијо, опустошена земјо! – Софија Величковска

Волната полека се преде,

а ние нашата не сме ја ни почнале,

ние волната ја грицкаме,

ја уништуваме како некои глувци

што пробиле во подрумот на баба,

та целата просторија ја преокупирале.

Златниците ги расфрлале на сите страни,

пепелта ја разнеле на сите страни,

крушите дупки имаат ко куршуми

да се ипсукани во нив,

таква е нашата Македонија,

таква е нашата земја,

сите страни се испукани,

влегуваат ветришта преку тие пукнатини,

влегува очај,

влегува војна,

влегуваат несоодветни животни приказни,

студено е.

Нам ни е студено.

Не знам како, но успеавме да ја дотолчиме.

Крвари.

Има рани.

Тешко излечиви рани.

А свесни ли сте?

Дамнешните времиња нека останат

запишани во историјата.

Во историјата која единствено таа ни остана,

а можеби и не?

Можеби и таа ќе се изгуби?

Вредноста опаѓа.

Но за мене, таа е највредното нешто.

Што сум јас без земја?

Што сум јас без својата татковина?

Ако таа не постои,

не постоиме и ние.

Можеш да заминеш и во Германските простори,

можеш и во Американските исто така,

ако ништо не ти значи оваа земја,

зошто тогаш повторно и повторно

се враќаш тука?

Како чедо кај својата мајка,

зошто?

Ој Македонијо,

што толку лошо си сторила,

па те казнуваме со нашата глупава страст за пари,

само пари и само пари…?

Софија Величковска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје