Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Висок лет – Благица Наумова

Ноќен полжав трае,

дух потиснат в срце лае,

се проѕева, се мачи горко,

да се присети тој сака моќно!

Капутот катран се гледа остро,

него му се чини сè е просто,

ќе оддаде љубов и остра жал,

а потоа ќе одлета ко славеј мал!

Не чини шамар в срце да сади,

не се живее од надеж и лаги празни,

затоа дозволи скок да сторам,

смртта моја сама да ја ловам!

И, посегнав јас од висина, сама,

дух да предадам сè уште млада,

очи да затворам и здив да дадам,

срце мое в земја да посадам!

Падот започна благо,

да побрзав не ми беше драго,

посакав бавно да умрам јас,

за последен пат да му чујам глас!

Неговиот поглед стои,

вперен одозгора сенки брои,

од јадеж и болка тој остро викна,

со лет грациозен тој по мене бликна!

Ангелот паднат од небо ме спаси,

допирот негов пак живот во мене скраси,

кога се упати високо да ме погледне,

љубовта верна со бакнеж ми ја оддаде!

Благица Наумова

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје