Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Епитаф за младешките соништа – Јована Јаневска 

Сонував, сонував за многу нешта.

И тие никогаш не можеа да се поседуваат или допрат.

Сонував по цел ден,

создавајќи некакви среќни слики

со многу сонце, многу цвеќиња, со насмеани луѓе.

Со планини и зелени ливади,

со езеро мирна вода и немирен пес кој трча

и се тркала низ тревата.

Сонував за убави денови,

кои можеби никогаш нема да ги дочекам.

Сонував за топлина.

Навечер сонував соништа,

преку ден сонував визии.

Визии за едно мало среќно семејство,

за еден мал, топол дом,

за една детски искрена љубов.

Бев среќен сонувач.

Замислувајќи ја иднината,

лебдев секојдневно,

над сите обврски, мачнини и хаос,

над сите падови и разочарувања.

Сонував за височини,

сонував за успеси, само мои,

заслужени со еден ум и две раце.

Ми ги сечеа крилјата,

велеа немој да сонуваш,

со раскрвавени раце се борев за сопствениот сон.

Само јас ги гледав сопствените искачени врвови.

Можеби не беа којзнае колку високи, но беа мои.

Сонував за добрина,

сонував за чистина на човечката душа,

верував дека и каменот понекогаш има душа.

Мислев дека среќата не се наоѓа, туку дека се гради.

И дека за неа не треба многу.

И дека ако изчезне накратко,

треба да се борам и да ја создадам од нешто друго.

Пишувам епитаф за моите младешки

и како детско лице чисти соништа,

гледајќи како полека времето ги убива сонувачите.

Гледајќи се себеси како молкум гледам

додека ми ги погубуваат соништата.

Животот е една голема заедничка гробница за соништа.

И полека ми станува јасно зошто се почесто гледам

сенки од некогашни големи луѓе,

толпи луѓе со дупка во градите,

рушевини и остатоци од соништата и сонувачите.

Јована Јаневска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје