Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Лозата – Николина Ќорвезиорска

Сите ѕвезди мируваат во моите клетки

Сетилата ми го испитуваат тој занес

Го вкусив секој зрак исцеден со рака

Светлината  од чаши  ја пиев..

Огнот од очите го криев.

Секој предмет е на своето место

Тебе те нема

Сонцето црно стана..

Ме остави со јазик замолчен, нема

Тебе те нема

Те слушам како глас, во главата ми ечиш

Немаш зборови, ги удави во сласно вино

Со секоја голтка уби лага.

Вистината се шета, гола и сама

Ја колва некоја бела врана

На патот, лозарот ми нуди боговски нектар

Мислев и јас божица се сторив.

Лелеее…

А во летот на пчелата ми бил векот

Се напив од виното, и лозница станав,

те врзав при мене…

грозд да ми бидеш вечен.

Николина Ќорвезиорска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје