Skip to content

Љубовта не е само еден ден! – Софија Величковска

  • by

Во потрага по изгубените нешта

ние самите себеси се губиме..

Кутри луѓе..

Задоволството е во убаво вино,

Но.. не само еден ден.

Задоволството е во силна вечна прегратка,

Но…не само еден ден.

Знаете.. Чистата терминологија

за  ДЕНОТ НА ВИНОТО И ВЉУБЕНИТЕ,

не е ниту висока потпетица,

не е ни добра шминка,

не е ни скапо егзотично патување,

а најмногу од сето ова не е скап парфем.

Од каде ви произлегла таа заслепеност

по материјалното?

Љубовта не се слави еден ден.

Доброто вкусно вино го посакуваме и денес и утре

и за дваесеттина години,

искрениот  љубовџија својата дама

ќе ја љуби секој ден,

ќе ја љуби со бакнежи,

ќе ја љуби со гушки,

тој неа ќе ја љуби со своето присуство,

па така таа ќе заборави на материјалното отсуство..

Што ќе ви се сите ти блудни скапи подароци,

кога ноќе заспивате без нечија топлина.

Во дамнешните времиња немале од кај да

купат толку скапи работи,

па момците сами рачно изработувале интересни

љубовни подароци.

Бидете онаа вистинска дама

која ќе се задоволи со онаа магична ситница

која вреди повеќе од безначајните потпетици

и прескапи чанти.

Вистинската среќа не извира од чантите,

таа извира длабоко од душата,

извира од доцните часови полни со разговор

за слатките кристализирани љубовни приказни..

Извира од седењето пред некој камин

од кој лицата ви поцрвенуваат,

а јазикот веќе поцрвенет од виното кое го вкусивте!

Софија Величковска

Напишете коментар