Skip to content

Заедно, сами – Милица Пауновска

  • by

Две души споени ко една

Мојата и твојата.

И двете во иста болка.

И двете со чувства скриени.

Никогаш не помислував

дека ќе ја почуствувам болката твоја.

А во тој четириминутен миг

беше и моја.

 

Сега пак ја слушам таа песна.

Помислувам на тебе.

Мислам и на него.

Се прашувам како ти е

но знам,

исто како и мене.

 

Го сонуваш, го гледаш,

го чувствуваш, го нема…

Чекор кога правиш,

Или кога се молиш,

Секојпат кога плачеш,

Кога и да се смееш.

Те гледа….

А се надевам и мене.

Милица Пауновска

Напишете коментар