Пустина да фатам – А. Лефкоска

Пустина да фатам,
да не се вратам,
со глава да платам,
со душа да сакам.

Пустина да фатам,
да не се вратам.

Далеку да заминам,
во зеленило да се изгубам,
од среќа да полудам,
духот да го разбудам.

Пустина да фатам,
и криво да не ми биде што нема да се вратам.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели