Skip to content

Поучна приказна: Какви се луѓето во двата различни градови?

Прочитајте ја следнава приказна за двајцата патници кои имале тотално различни ставови.

Еден патник одел по патот кој водел кон еден голем град. Една жена седела покрај патот, па тој застанал да се распраша за градот во кој тргнал.

– Кажи ми, какви се луѓето во овој град онаму?

Жената го погледнала.

– Какви луѓе среќаваше во местото од коешто доаѓаш?

–  Одвратни, се пожалил патникот. Сите кој од кој полоши. Скржави, несигурни, лажливи, луѓе што се вредни за секаков презир.

– Ах, рекла жената. Жалам, но такви ќе сретнеш и во градот во кој си тргнал.

– Човекот воздивнал и си го продолжил патот со смуртено чело.

Набрзо после тоа наишол уште еден патник. И тој застанал да се распраша за градот. И жената повторно го прашала какви биле луѓето што ги оставил зад себе од местото од кое доаѓал.

– Беа тие добри луѓе, поштени, внимателни, вистинољубиви и великодушни. Лесно ги опрсотувале туѓите грешки и заблуди. Навистина ми е жал што морав да се разделам од нив.

– Не се грижи, му рекла жената. Такви исти ќе сретнеш во градот во кој си се упатил.

Прочитајте ја и приказната за муштеријата и фризерот кој тврдел дека Бог не постои.

Напишете коментар