За наградата „Роман на годината“ во потесен круг влегоа 18 наслови

За престижната награда „Роман на годината“ за 2020 година во трка се 18 наслови, соопштија од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Од пристигнатите 41 роман, жири комисијата составена од Оливера Николова, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко
Гроздановски и Катерина Богоева избраа 18 дела кои влегоа во потесниот избор за главната награда. Меѓу нив се следниве:

1. „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“

2. „Приказна за трите града“, Митко Маџунков, „Три“

3. „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“

4. „Највисокото дно“, Марија Митева, „Полица“

5. „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“

6. „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или – Или“

7. „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“

8. „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“

9. „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“

10.  „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“

11. „Витезот и византијката“, Кица Колбе, „Или-Или“

12. „Лазарка“, Љупчо Петрески, „Арс Либрис“

13. „Боксерот од Ново маало“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“

14. „Курвински хроники“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“

15. „Тито, мојот претпоследен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“

16. „Генералот и пеперугата“, Луан Старова, „МАНУ“

17. „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

18. „Случајот Чернобог“, Катерина Шошко, „Антолог“

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22 пат. Победникот, покрај плакета, ќе добие и парична награда од 150 илјади денари.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?