Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Ти ме научи да љубам – Јелена Ѓиноска

Ти ме научи да љубам како да не постои утре

Ме вивнуваше со метафори и комплименти

Ме спушташе со прекори и тишина

Ти ме научи како да ги голтнам сите непромислени зборови

За да ми горат мене на градите некој час

Наместо да ми горат на срцево со денови, откако ќе бидат кажани

Па така оставајќи го отровот и во туѓи раце за да ги гори и нив

Дупла штета

Себичност

Горделивост наместо трпение би рекла

 

Ти ме љубеше со прекори низ времето

Градејќи од мене човек за пофалба

Човек кој ти е мил да го гледаш но и да го слушаш

Енергијата каде што поминува да ја собираш со дланките , дека утре знаеш ќе ти треба

 

Како мало милениче ти се милував во скутот

Па зад твој грб како мало дете ќе ја искршев вазната што толку ја ценеше

Тишината зборуваше

Тишината ме покоруваше и казнуваше

Истовремено ми го распарчуваше срцето

До повторно составање

До новиот феникс

Малку подобро од вчера

Малку полошо од утре

 

Ти ме љубеше без предрасуди

Без бучава

Ме љубеше како да не постои утре

Како сега да е потребно да се истури целата љубов врз човека

Па за утре да замесиме повторно смеса наречена љубов и почит

И јас од тебе учев секој ден

Се покорував

И грешев

Гребев како маче во замислениот кафез

Твоите рани на мене се прикажуваа несвесно

Затоа што не умеев

Не знаев со секоја канџа забиена на твојот грб дека се отсликува и на мојот

Поизразена од таа врз тебе

Грешев

Заспивав во грев и се будев во истиот

Ги тргав  огледалата со недели

Да не си го гледам грешникот во нив

 

Требаше да заминеш за да го пронајдам значењето на твоите зборови

Требаше да заминеш за да ги облечам твоите чевли и да научам да одам исправено

Требаше да заминеш за да научам да љубам како да не постои утре.

Јелена Ѓиноска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје