Собрание – Огнен Коцевски

Совршенство кое произлегува од мрачното таинствено идолопоклонство, кое лажно триумфира над злото, само колку да го потврди и возвеличи. Силуета која пред политичките домови само се буни и е напната, ја уловил лавот кој рика и чека да ја проголта. Никој не ја гледа пропаста на оваа фигура која наместо да се поклони на Бога, му се поклонува на ѕверот по цена дури и да пропадне и исчезне. Полицијата со пендреци го тепа својот народ, слепец води слепец и обајцата пропаѓаат во јама.

Можеби треба да се компонира нова симфонија на срцето. Можеби диригентот заборавил да погледне во паритурата. Можеби треба да ја напуштам градската врева и да живеам како монах во природа? Каде небото и водата се соединуваат како љубовници. Потрага по другоста и разноликоста. Да се стишат виолините и контрабасите, да проговори срцето. Луѓето и песните. Огномет од емоции прославува победа на љубовта. Верниците скокаат во водата по крстот, јас патам да ми влезеш во срцето. Грешниците излегуваат како водени грешници по скокањето, јас по молитвата чекам да ми се вратиш зошто повеќе не сум истиот.

Огнен Коцевски

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?