Убавите раце – Николина Ќорвезиорска

Има едни раце…

што силно гушкаат,

навечер,

на чело се одмараат,

сите прозорци ги затвараат.

Има едни раце…

сите нешта ни ги

прибираат,

солзите ни ги збираат,

тагата ни ја убиваат.

Има едни раце…

кога галат,

вистината ја гребат

никогаш не се абат,

од спокој силa ќе земат

нежно со неа да пленат.

Има едни раце…

што во темнина фенери

палат

со светлина преку праг

не испрaќаат

сите прозорци, врати ги отвараат

дома празни се враќаат.

Мајкините раце прибрани в’скут…

со молитва…

секој ден не чекаат,

немоќно, да ни ги склопат на вратот.

Николина Ќорвезиорска

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели