Знаете..
Квалитетните песни
ретко кој ги слуша,
ретко кој ги чита,
додека поетот е жив.
Додека ги тлее,
додека се мачи да промени сè.
Знаете..
Тие ги одминуваат песните,
ко да се странци-скитници,
нивната глава е толку тешка,
полна со немилосрдие
што не паѓа лесно на нивната убавина
и мудрост во зборот.
Знаете…
Животот на поетите е еднаков
на суровата искреност,
никогаш безобразие..
Знаете…
Кога ќе умре поетот,
тогаш песните му оживуваат
тогаш сите го почитуваат,
тогаш песните што душа горат
му ги читаат.
И тогаш веќе знаете дека..
Нивниот живот е вреден да се прославува,
а не нивната смрт.
Нивната смрт е вредна да се тажи оти
веќе убави песни од него не ќе добиете.
И на крајот од денот,
кога ќе останете сами и осамени,
ќе си речете:
-Да живеат сите песни на овој свет,
вечно да живеат, тие ни се горката вистина за сè.