Литература Македонска поезија Поезија

Да ми дојдеш – А. Лефкоска

Да ми дојдеш кога најмалку очекувам,
да ми дој, да ми дојдеш, во илјада и двесте нови тела,
со дупло толку изговори,
Да осеќам ама да не знам кого пречекувам.

Да ми дој, да ми дојдеш,
во соништа,
да ми дој, да ми дојдеш на сред тие боишта,
токму пред смртта да ме обземе,
пред да разберам дека тоа не е смрт туку будење.

Да ми дој, да ми дојдеш,
да ми дојдеш душо од душава
да пројдеш ко мисла најбитна во главава бушава,
да речеш: Еве чекај ме ти идам.
Ко на сон што те гледам и на јаве да те видам.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје