Поучна приказна: Животот е како патување со воз

Животот е како патување со воз. Луѓето влегуваат и излегуваат од него. Кога возот ќе застане, се случуваат пријатни изненадувања. Човекот тогаш доживува среќни моменти, но има и несреќи, незгоди и тага.

Кога ќе се родиме, зачекоруваме во возот. Среќаваме луѓе за кои мислиме дека ќе бидат со нас за време на целото патување. Како нашите родители. За жал, вистината е потполно различна. Кога – тогаш, тие ќе се симнат од возот. А ние ќе останеме без нивната љубов, наклонетост, нежност и пријателство. Ама во возот ќе седнат и други луѓе, кои нам ќе ни бидат навистина важни. Тоа се нашите браќа и сестри, нашите пријатели, луѓето што ќе ги сретнеме и ќе ги засакаме во животот.

Многу луѓе кои влегуваат, на ова патување гледаат како на кратка прошетка. Друг, по својот пат среќаваат само жалост и тага. Ама во возот има и такви кои секогаш се спремни да им помогнат на луѓето на кои им е потребна помош. Многумина, откако ќе слезат од возот, оставаат зад себе траен копнеж. Многумина нè вовлекуваат во страшни неволји. Многумина влегуваат и излегуваат без да бидат забележани.

Многумина од патници се омилени во некој друг вагон, а не во нашиот. Па нè оставаат сами на средината од патувањето. Тоа не треба да нè спречи да ги прифатиме тешкотиите на патувањето. Не треба да се плашиме од осаменоста, ниту од тоа да се обидеме да влеземе во друг вагон. Ќе се случи и да не може да им се доближиме веќе затоа што некој друг ќе го завземе нашето место.

Таков е животот. Полн е со предизвици, соништа, мечти, надежи, состаноци, раскинувања, разделби без повторни средби. Сепак, треба да се соочиме со фактот дека некои мигови никогаш нема да се вратат назад. Да се обидеме со сите луѓе во возот да најдеме мир. Да се обидеме во секој од нив да го најдеме најдоброто. Да се сетиме на тоа дека на секој дел од животниот колосек, некој од патниците може да се слизне и дека му се потребни нашите симпатии и разбирање. И нас може да ни се случи да се слизнеме од колосекот. Да се надеваме дека некој нас тогаш ќе нè разбере.

Најголема мистерија на целото патување е тоа што не знаеме кога точно ќе се симнеме од возот. Исто како што не знаеме кога ќе се симне некој наш сопатник, дури ниту оној кој седи до нас. Да се обидеме при слегувањето од возот да оставиме празно седиште, кое на останатите патници ќе им буди убави и пријатни спомени. Затоа на сите посакајте им пријатно и убаво патување.

Прочитајте ја и приказната за луѓето од двата различни градови.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?