Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Ти – Димитра Десановска

Во твоите очи се сокрил целиот цвет…

Како кога децата се кријат.

Во твоите очи се крие целата убавина.

Целата човечност на твојата душа се проѕира низ нив.

Ти си вулкан од кој еруптира лавата на чудата.

Ти си спој на седумте светски чуда.

Ти си совеста која се крие во твоите зеници.

Ти си совеста во тебе за која зборуваше Сократ.

На твоите раце се насобрале сите нежности на светот.

А твојата коса е симбол на сите мои гревови и каења.

И името твое е напишано на сите документи на љубовта.

Ти си твојата насмевка која одекнува и го осветлува мојот лик.

Ти – верен чувар на мојот сон и на моето будење.

Ти си насекаде и кога мислиш дека си исчезнал.

Јаве си и сон.

Ангелот кој лета над мене како птицата над своите малечки.

Гребен корален  – штит на мојата душа.

Восхит.

Здивот умееш вешто да ми го одземеш.

Ех, ѕвездо на моето небо.

Собирачу на моите слабости.

Премин мој – премин од слабост во крепост.

Ти си таа крепост.

Мост на мојот поглед потполно впиен во твојот.

И конечно твоите очи се потоци од кои се очистува и пие мојот дух.

Димитра Десановска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје