Само погледни – Вукашин Ступар

Чувство на тага
срце полно љубов
се пишува поема
како сага
тажна е
силна е
но од душава
среќата долетува
на твоите рамена
слетува
само ти биди добро
во мене немир се собрал
животот ми поминал
во исчекување
иако силуетата
многу лета нови
ми ветува
не издржувам
себеси прекорувам
проколнувам
зошто од тебе чекам
кога можев да летам
а јас тебе те одбирам
и трошки љубов собирам
не се жалам
не можам
од тоа да избегам…

Вукашин Ступар

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели