Конкурс за најдобра поетска творба од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 25 март, денот кога Прличев во Атина во 1860 година бил овенчан со „Ловоров венец“ распишува: Конкурс за најдобра поетска творба на тема: „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“.
На конкурсот може да конкурираат ученици од општините Охрид и Дебрца и тоа во две категории:
– Ученици од основните училишта VIII и IX одделение
– Ученици од средните училишта
За секоја од двете категории и возрасти ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Поетските творби посветени на Прличев треба да се достават со име и презиме и училиште, одделение или клас на следната електронска адреса: [email protected], а авторството ќе се докаже со примерок од творбата.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Конкурсот трае oд 25 февруари заклучно со 15 март (понеделник) 2021 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
За изборот и доделувањето на наградите Библиотеката дополнително ќе извести НУ. Ова стои на официјалната страна од библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид.
