Одбележани 60 години постоење на ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ во Кичево со видеомонографија

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење и го прослави Денот на својот патрон, Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево.
Поради пандемијата со COVID-19 одбележувањето помина без традиционалните собири и културно-уметнички манифестации. Прилагодувајќи се на новонастанатата ситуација, учениците од прво до деветто одделение, заедно со нивните наставници – ментори, во соработка со фотографското студио Фото Зоран, подготвија видеомонографија.

Видеомонографијата премиерно беше поставена на нивната Facebook страна, но и на YouTube каналот од училиштето во 10 часот утрово, а се прикажа и во 19 часот попладнево.
Концептот на програмата беше фокус врз креативноста, талентираноста и иновативноста на учениците, односно можност и гледачите да го доживеат и почувствуваат модерниот и сеопфатен дух во којшто се учат и се образуваат учениците од ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево.

Погледнете ја видеомонографијата на следното видео.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?