Чекање е – Сабахета Мерсими
Чекање на тулипанот
 да проникне,
 цветовите
 да заиграт бал.
Чекање на облаците
 да го смират беснилото
 и крикот на плач.
Чекање на утрото
 да се оддели од ноќтта
 Сонцето да ја смени
 месечината.
Ништо нема инстант
 За сè, треба некакво време…
 И.. чекање до вечноста…
Сабахета Мерсим


