Твоите очи беа прекрасни
мислиш нацртани на слика,
секогаш полни со сјај
како расцутени дрвја во месец мај.
Од нив топлина зрачеше
кога ќе ме погледнеше
веќе ништо не ми фалеше.
Со нив ти ме грееше,
најубава ми беше
кога приспивни песни ми пееше
на крај и ти ќе задремеше.
Маринела Станковиќ