Молк и меланхолија – Јелена Ѓиноска

Жртвувај се, ми рекоа

Жртвувај се до последната капка крв

За мене,

За нив,

За секој кој го сакаш.

Дари добрина

Надополни време

Најди компромис

Дари љубов

Зборовите не се и толку битни додека плукаш крв

Битни се само кога решаваат туѓи проблеми

Замолчи…

Нека зборува тишината…

Јас и онака долго време не знам да ти кажам ништо својствено

Ништо што ќе го распали огнот во жарот

Мојот здив не допира

Не е толку силен за да распламти… како некогаш

Дарувај се…

Жртвувај се пак, ми рекоа

До последна капка, дарини се

Додека не станеш мала честитка што ветерот ја носи

Да не ја гледам твојата сила

Да не го допирам твојот жар кој очи ми боде

Замолчи.

Тишина нека ја облее собава

Облечи нешто невпечатливо

Нешто што ќе ти ги сокрие раните

Немој, не ги покажувај!

Сокриј го своето битие.

Сокриј ги своите заби.

Носиш непресушен бунар од злато…

Нека не гледаат

Твоите очи нека зрачат помалку.

Светлината сокриј си ја.

Нека преовладува мрак.

Замолчи…

Јелена Ѓиноска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?