Словенски лик – Борис Вијан

Споделуваме песна од францускиот поет, музичар и писател Борис Вијан, роден на денешен ден. Француски поет со словенско име и душа. Уживајте во стиховите!

Словенски лик

Словенски лик

Личам на Словен

Роден сум во градот Авреј

Моите родители беа вистински Французи

Мајка ми се викаше Жана, а татко ми Виктор

Но, јас се викам Игор

 

Моето  име воопшто не потсетува

На окситанско

Повеќе е московско

Тоа е толку јасно

Кога ќе ме замислиш

Гледаш еден бојарин

Кој се подготвува да пие

Од својот самовар

 

Словенски лик

Личам на Словен

Тоа ме прогонува од кога знам за себе

И ме зароби  без да сакам и

Без да забележам

 

Словенска душа

Имам  словенска  душа

Никогаш не сум бил подалеку од границата Пантин

Руското во мене е само моето име

Но, тоа е сосема доволно

Само што ќе го чујат

Сите мислат

Дека навистина сум Русин

 

Правам руски гримаси

Живеам од закуски

Јадам пирошки

Пијам водка

На сред ручек

Словенска душа

Јас имам словенска душа

Моето име толку ми влијае

Што на сите прозорци на куќата ставив

Железна завеса

Но, сепак ги оставам отворени …

Словенска душа…

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?