Кога ќе се спомене водење на дневник, на сите ни паѓаат на памет различни нешта. Некои се досетуваат на приказната „Драг дневнику“. Дурги, водењето на дневник ги асоцира на детството или на тинејџерските денови. Некои сметаат дека пишувањето, само по себе, е алатка, прагматично средство, без вредност. Но науката им се спротиставува на скептиците, кога станува збор за водењето дневник. Овие 7 причини кои ги издвоивме, ќе ве убедат да започнете да водите дневник.
1. Го зголемува вашето IQ
Жешка тема, но силни аргументи стојат на страната дека водењето дневник влијае врз зголемување на IQ. Во извештаите на Универзитетот од Викторија е забележано дека „Пишувањето, како дел од изучувањето јазици има позитивна корелација со интелегенцијата.“ Водењето на дневник ќе го зголеми вашиот нагон да барате нови зборови. Со тоа ќе се зголеми вашиот вокабулар. Во извештајот е наведено дека „Една од најдобрите мерки на интелегенцијата е вокабуларот на зборови со кои располага личноста.“
2. Евоцирање на умот
Постои силна врска меѓу среќата и внимателноста. Водењето на дневник може да ве одведе во таква состојба на внимателност, па фрустрациите од минатото и грижите во врска со иднината можеби ќе ја изгубат предноста во однос на сегашниот момент. Тоа го повикува умот кој лута кон внимателност, од пасивност до активно вклучување на мислите.
3. Постгнување на целите
Низ страниците на дневникот, често ќе бидат вклучени вашите желби и соништа. Но идејата дека чкрткањето на зборови може да ви помогне во остварување на истите е чиста фантазија. Но, замислете да изградите куќа без претходен план. Вака дневникот веќе добива смисла. Запишувањето на целите му сигнализира на вашиот мозок дека тоа е важно. Вашиот ретикуларен систем за активирање (RAS) ги обележува релевантните можности и алатки за постигнување на таа цел. Колку подетални се целите, толку нашиот мозок добива подетален психолошки нацрт. А тоа ја зголемува веројатноста за нивно остварување.
4. Емоционална интелегенција
Емоционалната интелегенција е способност да ги препознаете и да управувате со вашите емоции, но и со другите. Водењето дневник претставува филтер за обработка на емоциите и ја зголемува самосвеста. Оваа блискост со себе станува мост за емпатија. Вака ќе ја зголемите вашата интуитивност и ќе разберете што доживуваат другите. Да можете да се најдете со некој на иста страница е знак за емоционална интелегенција и овозможува градење подалбоки врски.
5. Зголемување на меморијата и разбирањето
Постои уникатна врска меѓу раката и мозокот, предизвикана од составувањето на мисли и идеи. Зборовите се претстава на идеи. Формирањето на букви предизвикува умот да создава нови идеи додека пишувате. Ова ги зајакнува претходно покриваните информации и емоции и ве принудува да се вклучите во когнитивно потсетување.
6. Зајакнување на самодисциплината
Да одвоите време за пишување, без разлика во кој од дел од денот, е чин на дисциплина. Дисциплината раѓа дисциплина. Таа е како мускул. Колку повеќе ја вежбате, толку посилна станува. Еднаш формираните навики во животот имаат тенденција да се шират. Вашата секојдневна навика за пишување ќе ви предизвика и други здрави навики.
7. Самодоверба
Водењето дневник е позитивно искуство кое му овозможува на вашиот ум да оживее. Преку водењето дневник ќе се потсетите на вашите сособности на кои вашата глава некогаш подзаборава. Водењето дневник ќе ви помогне да ги забележите вашите лични достигнувања. Секако, листајќи низ дневникот, секогаш може да се потсетите на нив.
Пред да го вклучите водењето дневник во вашиот живот, запомнете дека трпението и постојаноста се клучни во формирањето на здрави навики. За почеток, започнете да пишувате преку еден дел од неделата. Терминот одредете го сами. Животот не се состои во она што ќе го добиете, туку во она што ќе станете.
Прочитајте ја оваа поучна приказна за креативното размислување.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.