Ти простувам – Николина Савеска

Денес душата си ја олеснувам

а секое понатамошно утро

нема да се навраќам

Ти простувам што ме напушти и остави

што душава ми ја разгори

и на срцево рана отвори

ти простувам што и ноќва не си крај мене

што и дента сè уште не си доаѓаш

ти простувам што долго те чекав

што имав надеж дека барем еден ден

ќе се појавиш и ќе ми го разиграш срцево

ти простувам што ми ја пушти раката

и ме остави сама, така ранета

ти простувам за солзиве мои изронети

чии очи пресушија и без сјај останаа

ти простувам што ми ги кажа најтешките зборови

што човек ниту на непријателот не ги кажува

ти простувам што ме повреди и изневери

што ја изневери мојата љубов

и ниту за момент не се покаја

ти простувам а се надевам ќе ми простиш и ти

што веќе нема да имаш некој кој те чека

без разлика колку години изминаа

кој те љуби и кој е спремен животот на дланка да ти го дари

Николина Савеска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?