Не ми е важно – Маринела Станковиќ

Не ми е важна бојата на кожата твоја,
дали е црна, жолта или пак бела.
Ако душа и срце имаш,
можеш пријател да ми бидеш.

Не ми е важно на кој јазик зборуваш Ти,
а на кој Јас.
Ако го знаеш јазикот на човечноста,
јазикот на добрината и хуманоста.
Можеш пријател да ми бидеш.

Не ми е важно која националност си,
Македонец, Албанец или пак Ром.
Не ми е важно што си,
најважно е Човек да си.

Маринела Станковиќ

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?