Нека мирот и љубовта ги надминат насилствата – Ивана Јованов

Мирот и љубовта се предодредени за среќата, за радоста, за насмевката. Тие го прават човекот-човек.Таму каде би имало ваков живот човекот би бил среќен. Тие се мелем кој заштитува од насилствата. Мост за поминување за нивно надминување.

Љубовта облагородува во секој поглед, со мирот светот тоа го чува – да биде така! Насилствата носат несреќа и зло кај луѓето. Тоа е непожелен метод кај никому добро не направил и не донесол. Насилството е грубо и најголемо понижување на личноста и најниско ниво на човечкото однесување. А треба само малку свест и совест-мир и љубов за да се надминат насилствата, односно истите воопшто и да не се појават.

Мирот и љубовта треба да се презентираат и да се применуваат во секој миг и во секоја прилика. Меѓу сите луѓе, насекаде на светот само така ќе нема насилство, несреќни и тажни луѓе. Децата тоа најповеќе го посакуваат и за тоа се залагаат. Треба повеќе да соработуваат, да се дружат, да се сакаат. Така ќе можат да ги осознаат убавините на животот. Така ќе научат да ја извршуваат и шират мисијата на мирот и љубовта, меѓу себе и меѓу сите луѓе во светот, истата да ја прифатат за да ги надминуваат насилствата.

Ивана Јованов

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?